Крвава вечер во Куманово

40-годишниот Б.Ј. од Куманово заработи кривична за насилство. Тој на автобуската постојка во близина на ЈЗУ општа болница Куманово, без повод и причина почнал да го навредува 40-годишниот Н.С. од селото Долно Којнаре, а потоа и физички го нападнал нанесувајќи му телесни повреди.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против и против 29-годишниот В.М. од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство“. Пријавениот, во 02 часот и 20 минути во кафе барот на бензинската пумпа „Детоил“ во селото Доброшане-Кумановско, започнал вербална расправија со непознато лице кое било гостин во кафе барот, кој сакал физички да го нападне, а бил спречен од страна на вработените. По ова, пријавениот се вратил во објектот и со дрвен предмет ги нападнал вработените на бензинската пумпа Д.С.(33), Ч.С.(43) и гостите Д.С.(35), В.С.(22), М.М.(29) и Д.П.(24), нанесувајќи им телесни повреди, а го оштетил и инвентарот во објектот, како  и едно патничко возило „голф“ сопственост на Д.С.

 
 
30.11.2015 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега