Хорор во Виница: Жена се бори за живот

Во 5 часот и 30 минути утринава во полициската станица во Виница, од Медицинскиот центар во Виница било пријавено дека кај нив била донесена 62-годишната М.П. со тешки телесни повреди во пределот на главата, по што била пренесена во Клиничкиот Центар во Штип каде дополнително било утврдено дека се здобила со фрактура на череп со нагмечување на мозокот и крварење, и се наоѓа во животна опасност.

Имено, околу 03 часот и 45 минути, М.П. слушнала тропање на приземјето од нејзината куќа каде што спиела, станала и во тоалетот затекнала непознато машко лице кое излегло во ходникот, по што почнала да вика и во тој момент се разбудила нејзината снаа В.Т. Го прашале зошто неповикан влегол во куќата, М.П. го истуркала надвор, по што непознатото лице се упатило пеш по улицата. М.П. и В.Т. со возило тргнале по него и заклучиле дека се работи за нивен седумнаесетгодишен сосед , се упатиле кон него и го прашале за причините за влегувањето кај нив дома, по што тој  ја турнал М.П. која паднала на тротоарот пред надворешната порта од неговата семејна куќа и се здобила со повреди. Со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Медицинскиот центар. 

Младото момче е  приведено и ќе следи соодветен подесок.

 
 
30.11.2015 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега