Драма во Скопје: Излегле од автобус и претепале девојче

Во текот на вчерашниот ден во 17 часот и 10 минути во Полициската станица во Центар, 23-годишната А.Д. од Скопје  пријавила дека истиот ден околу 02 часот и 30 минути на булеварот „Кочо Рацин“, поточно на автобуската постојка, три непознати машки лица физички ја нападнале. Според податоците, насилниците излегле од автобус на ЈСП, по што еден од нив без повод и причина физички ја нападнал, ја удрил со тупаница  во пределот на главата, од што и се нанесени повреди во вид на оток на  левата страна на главата. 

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

 
 
30.11.2015 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега