Двајца велешани ограбија адвокатска канцеларија

СВР - Велес поднесе кривична пријава против 52 годишниот  В.Т.  и  46 годишниот Ј.К.  двајцата од Велес, поради основи на сомнение дека во сабота спроти недела вечер во текот на ноќта заедно сториле кривично дело „тешка кражба“ од адвокатска канцеларија во Велес, при што причиниле вкупна материјална штета од околу 250 илјади денари.
 
Како што информира Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, осомничените во текот на ноќта на 29 ноември годинава  со подесен клуч ја отклучиле влезната блиндор врата од адвокатската канцеларија лоцирана на улица „Гоце Делчев“ во Велес и откако влегле внатре, со подесен алат насилно го отвориле металниот сеф од каде одзеле околу 3.650 евра, 480 долари, 9.450 денари и други предмети.
 
Повторно со подесен клуч ја заклучиле влезната блиндор врата и го напуштиле лице местото.
 
-Вчера утро околу 5 часот осомничените биле забележани од полициски службеници кои во моментот вршеле служба, и биле лишени се од слобода. При прегледот кај нив биле пронајдени  и одземени повеќе подесни клучеви- калаузи, капи за маскирање- фантомки, ракавици и подесен алат за разбивање (хебли, метална цефка). Исто така, во помошна просторија лоцирана на улица „Страшо Пинџур“ во Велес, односно местото каде едниот од сега пријавените се
криел, пронајдени се и сите банкноти кои претходно се одземени од адвокатската канцеларија, информира Стојковска.
 
Пријавените со кривичната пријава во текот на вчерашниот ден веднаш се изведени пред надлежен суд и на истите одредена им е мерка притвор во траење од осум дена.
 
Како што информира Стојковска пријавените и се добро познати на полицијата. Тие претходно биле пријавувани за вакви и слични кривични дела и им се изрекувани повеќе затворски казна
 
 
30.11.2015 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега