Лицата со хендикеп бараат еднаквост

 

Подигнување на јавната свест за концептот на еднаквост и недискриминација, како и унапредување на законската регулатива и националните механизми за заштита од дискриминација во борбата против дискриминацијата, е целта на проектот „Од норма до пракса“, кој „Полио Плус“, поддржан од ЕУ преку Прогрес-програмата го спроведува во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Комисијата за заштита од дискриминација. 
 
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска на прес-конференција рече дека трет пат во пет години, но овој пат во исклучително тешка конкуренција, Македонија го доби проектот во Прогрес програмата за вработување и социјална солидарност на ЕУ.
 
- Овој проект е најголем. Буџетот на проектот изнесува 269.000 евра од кои 217.000 се поддршка од Европската комисија. Останатите средства во висина од 55.000 евра се заедничко учество на Министерството со 15.000 евра, МЦМС со 18.000 евра и Полио Плус како носител со 22.000 евра, посочи Спасов. Планирано е организирање трибини, обуки, работилници, телевизиски дебати, подготвување на публикации, брошури, отворање бесплатна линија каде граѓаните ќе можат да пријават дискриминација. Со цел да се подобри статусот на најранливите категории граѓани и да се обезбеди континуиран развој во остварувањето на еднаквоста и недискриминацијата, Владата ја донесе Националната стратегија за еднаквост и недискриминација. Во соработка со Британскиот совет изработен е и Водичот за спроведување на Националната стратегија, додаде Спасов.

ФОТО: Курир

најчитано сега