Нови детали од МВР за мигрантите

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 29.11.2015  издадени се потврди на вкупно 1.941 странски државјани, од кои 1.069 се од машки пол, 305 се од женски, 491 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 76 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–1.267,  Сирија-424, Ирак-250 и други во помал број.

 Во периодот од 19.06.2015 до 29.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 292.733 странски државјани, од кои, 168.828 се од машки пол, 45.816 се од женски, 62.469 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 15.620 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

 

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-174.185, потоа Авганистан-69.909, Ирак-27.201, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.314, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број. 

 Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 29.11.2015 до Секторот  за азил не се  поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

 

 Од започнувањето на издавањето на потврдите до 29.11.2015 година до Секторот  за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 53 барања се од државјани на Сирија, од нив 17 за деца, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

 

 Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 29.11.2015 година евидентирани се вкупно дваесет и три баратели на азил 

 
 
30.11.2015 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега