Судење Груевски- Петковски во скопска двојка

Во 14 часот во Основниот Суд Скопје 2 ќе се одржи рочиште за клевета во кое тужител е премиерот Никола Груевски а тужен е Тито Петковски.

Сеуште не е потврдено дали премиерот ќе се појави во судницата.

Груевски го тужи Петковски за изјава дадена во Фокус во која тој тврди дека премиерот прифатил промена на името.

Минатото рочиште беше одложено зашто Груевски беше на службен пат а Тито Петковски воопшто не се појави.

најчитано сега