Тешка кражба во Куманово

Златен и сребрен накит во вредност од 18.500 евра и уште 6.500 евра во разни апоени се украдени синоќа од приватна куќа во Куманово на улицата „Поток Серава“.

Како што соопшти полицијата, кражбата ја извршило засега се уште непознато лице кое во периодот од 20:30 до 22:18 часот насилно, преку тераса, влегло во куќата сопственост на А.А..

Сторителот го отворил прозорот од спалната соба, влегол внатре и по извршено пребарување одзел куфер во кој имало обетки, бисери, нараквици, ѓердани, прстени, часовник, сребрен накит, ланчиња,..., и го напуштил местото.

Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

 
 
29.11.2015 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега