Директорот на театарот загина во тешка сообраќајка (ФОТО)

Во сообраќајна незгода што се случила синоќа околу 1 часот по полноќ во Куманово, животот го загуби директорот на театарот НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово, Роберт Павлевски (1975).

Со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките Ц.В. (1975), М.М. (1976), И.Т. (1987) и И.Б. (1984). Првите две се задржани во Општата болница Куманово, а другите се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

- Ц.В. и М.М. со скрешници на двете надколеници се пренесени во Скопје, додека И.Т. и И.Б, едната со скршеници на колено, а другата со скршеници на десната клучна коска, се згрижени кај нас, информира Дежурниот хирург во Општата болница Куманово Елена Стојановска.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила на улицата „Трета македонска ударна бригада“, пред поранешниот Дом на АРМ.

До несреќата дошло откако Павлевски со автомобилот „субару“ кој го управувал излетал од патот и удрил во бетонски ѕид и починал на самото место.

На местото на настанот Увид во несреќата извршиле СВР Куманово и Основното јавно обвинителство.

 
 
28.11.2015 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега