Итра жена им го загорчи животот на светиниколчани
37-годишната М.Ј. од Свети Николе заработи кривична за измама. Пријавената, според податоците од полицијата, со Е.Н.(37) од Куманово склучила преддоговор за купопродажба на недвижен имот-стан за сума од 2.020.890 денари. На 03.01.2015 година, пријавената склучила нов преддоговор за купопродажба на истиот стан со В.К., кој и уплатил 2.059.020 денари. Пријавената на Е.Н. и вратила и исплатила износ од 1.450.000 денари, додека останатите 480.000 денари ги нема вратено држејќи ја во заблуда.
27.11.2015 - 14:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа