На автопатот Велес- Куманово фатени двајца илегалци од Нигерија
Полициска патрола, вчера попладне открила двајца нигериски мигранти на на автопатот Велес - Куманово кај клучката Миладиновци, соопшти МВР.
Тие биле откриени околу 17 часот и кај себе немале никакви документи за иднетификација а според нивните изјави станува збор за У.М.(37) и И.О.(32) кои илегално влегле во Македонија.
Двајцата се префрлени во Прифатниот центар во Гази Баба.
27.11.2015 - 14:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа