Не се откажаа од Христа: Св. маченик Јерон со дружината или 33 Мелитински маченици

Овој Јерон беше кападокиец. Мајка му беше слепа и тој ја гледаше со голема љубов. Не сакајќи да ја остави сама, а и бидејќи беше ревносен христијанин, па не сакаше да им принесува жртви на идолите, кога дојдоа царевите слуги да го земат во војска, тој ги истепа и ги истера. Затоа подоцна го фатија и заедно со некои други христијани го одведоа во Мелитина. Таму сите беа изведени на суд, а откако не се откажаа од Христа, беа мачени и најосле погубени. Овие 33 маченици пострадаа за Христа во 298 година.

 
 
20.11.2015 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега