Декемвриската конференција со барање за нов рамковен и федерализација на Македонија
Мора да се направат уставни и законски измени за да се задржи „духот на Охридскиот рамковен договор“. МКД.Мк пренесува дека главните барања во анализата изработена за 200.000 евра од страна на Европскиот институт за мир предводен од посредникот во конфликтот од 2001 година Питер Фејт, се да се пропише гарантирана комуникација на мајчиниот јазик за припадниците на албанската заедница со централните министерства независно од местото на живеење и неподложно на критериумот од „20% од населението на локално ниво“, официјализирање на Албанскиот јазик и издигање на Албанците над другите помали заедници, што значи федерализација.
Како што пишува МКД.Мк главна тема на анализата беше законот на јазиците, а една од препораките е за измени во членовите 29-30 од Законот за јазиците каде се предвидува „лично барање“ во процесот на издавање лични документи.
Препораката за укинување на критериумот од 20% се базира на следново образложение: „ваквата формулација беше оспорувана од два аспекта: 1) дека нумеричкиот критериум од 20% имплицира дека службеноста на јазикот е условена и дека може да се укине (доколку критериумот не е остварен); 2) дека неименувањето на јазикот е „навредливо“ по идентитетот на албанската заедница во Македонија“.
Оваа препорака го предлага следното решение: „На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Албанскиот јазик, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член“.
Ова се главните барања во анализата која ќе биде и официјално презентирана во текот на идниот месец, а договорот за оваа анализа го потпиша вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Муса Џафери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа