Пукање во Кичево

Во Полициската станица во Кичево во  00,30 часот И.М.(29), пријавил дека истиот ден околу 00,20 часот во Кичево во куќа сопственост на Р.М., од страна на неговиот татко В.М.(52) било испукано од огнено оружје.

МВР денеска соопшти дека од страна на полициски службеници од ПС од ОН Кичево, веднаш е излезено на местото на настанот, при што констатирано е дека со рачно изработено огнено оружје, со ловечки патрон е пукано од надворешната страна преку отворен  прозор во внатрешноста на куќата, во соба во која биле присутни повеќе лица, од кои никој не е повреден. Присутните лица успеале да го одземат оружјето. Покрај оружјето од кое е пукано на местото на настанот пронајдени се и уште две парчиња рачно изработено огнено оружје, по што истите се подигнати за понатамошна постапка. В.М. е приведен и задржан во ПС-Кичево.

 
 
08.11.2015 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега