Субрата Рој денеска слетува во Македонија

 

Индискиот бизнисмен Субрата Рој денеска напладне ќе пристигне на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле. Рој ќе престојува во неколкудневна посета на земјава.

Според информациите кои ги објави порталот Билд, претседателот на Сахара Индија Паривар, бесплатно доби парцела од 621 метри квадратни на плоштадот „Македонија“. Парцелата која Рој ја доби како подарок од Министерството за култура, е лоцирана спроти „Воинот на коњ“. Оваа одлука на Министерството е веќе објавена во службен весник. 

најчитано сега