Скопје: Вооружен грабеж на филијала на „Вестерн унион“

Ограбена филијалата на „Вестерн унион“ лоцирана во центарот на населбата Сарај во Скопје.

 Од полицијата информираат дека разбојништвото е извршено вчера.  Двајца маскирани и вооружени разбојници влегле во филијалата и со пиштол му се заканиле на вработениот. Крадците украле 200.000 денари и веднаш избегале.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и започната е истрага.

најчитано сега