Груевски: Ние веруваме во одлуките на народот
Премиерот Никола Груевски верува во народот и во нeговата моќ да препознае кој работи за него. Груевски по лидерската средба со јасен став. Народот знае што се политички игри, а што работа и дела.
-Ние веруваме во народот. Ние веруваме во неговите одлуки, дека знае да направи правилен избор и затоа ни беше важно колку што е можно побрзо да има избори и народот да може да си донесе одлука и да каже на кому му верува за понатаму. Народот знае да го препознае тоа, знае да препознае што се политички игри и интриги и нечесен начин и обид за доаѓање на власт а што е работење, правење проекти дела, реформи, отворање на нови работни места, изјави премиерот Никола Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа