Странските репортажи и донесоа нови туристи на Македонија
Од светски познати магазини, тв куќи, па се до специјализирани канали или списанија. Убавините на Македонија се почесто се презентираат во текстови и репортажи, а нивните автори ја препорачуваат Македонија како следна дестинација за посета. Една од последните репортажи е онаа на Еуроњуз каде со помош на дрон се прикажани убавините на кањонот Матка, пишува Лидер.
Ако ги прашате луѓето во Скопје, главниот град на Македонија, каде сакаат да одат, за да го избегнат метежот и вревата, одговорот е речиси едногласен – кањонот Матка, пишува ЕуроНуз.
Оваа голема површина на природна убавина, која опфаќа околу 50 квадратни километри, исто така е вистинско доживување за посетителите. Лесно е пристапно и е само 15 километри од градот. Матка има по нешто за секого, без разлика дали е пешачење или разладување во кафуле за ручек.Постојат бројни средновековни манастири и цркви да ги посетите и некои од нив лесно достапни. За да се открие исклучителната природа, постојат лесни прошетки околу езерото. Еден од најпопуларните начини за да се види кањонот е со чамец, или во група на мал патнички брод или со кајак.Може да се видат ретки животни и билки и многу различни видови на пеперутки. Кањонот е исто така дом на десет пештери, вклучувајќи ја познатата пештера Врело, која има многу сталагмити, сталактити и двете езера. Точната длабочината на пештерата не е познат, но според некои луѓе тоа би можело да биде една од најдлабоките во светот“ пишува Еуроњуз.
Македонија на СНН
Една од позначајните репортажи беа оние на СНН. На интернет-страницата на телевизијата беше поставен профил на нашата земја, која е опишана како „мала планинска земја“, идеална за излети во природа.
Од непознато до незаборавно- Македонија на специјализирано италијанско списание за мотоциклизам
Македонија се најде на насловната страна на најпознатото светско списание за моткицлизми “Motociclismo“. На 40 страници, со фотографии и видео на нивниот Youtube канал, се претставени најживописните предели во Македонија. Пред неколку месеци група од неколку италјански моторџии беа во обиколка низ Македонија, а нивните коментари беа дека Македонија е погодна и атрактивна дестинација за мото туризмот. Домаќини на оваа група моторџии од Италија беше Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. Нма подобра промоција на една земја од репортажа во едно вакво специјализирано списаниетото кое брои огромен тираж од 160 илјади примероци, а на нивниот Youtube канал имаат над 300 илјади прегледи, истакнаа од Агенцијата. Тие ја опишуваа Македонија за дестинација за која малку се знае, па ја нарекуваат дестинација “Од непознато до незаборавно“. Сето ова ќе допринесе врз зголемувањето на странските туристи како од Италија, така и од останатите земји.
NYTIMES travel – Македонија е следна Балканска дестинација
Mакедонија се најде меѓу првите 10 од вкупно 52 дестинации што ги објави угледниот американски весник „Њујорк Тајмс“ кои треба да се посетат во 2015 година.Меѓу првите десет се и Италија, Куба, Чиле, Сингапур, Македонија е посочена како идна дестинација на Балканот.По Хрватска и Црна Гора, Македонија е следната туристичка дестинација во Западен Балкан, пишува весникот.Позната по старите манастири и бистрото Охридско Езеро, Македонија е опишана како земја на одлична традиционална храна и добро вино. Местата како Шар Планина и даваат алпски изглед што е одлична атракција за љубителите на планинарењето како и пристапните цени на традиционалната храна.
Италијанскиот град Милано е прв на листата од 52 дестинации, на која меѓу другите се и Колумбија, Мексико, Мароко, Јужна Кореја, Гренланд, Австралија, Јапонија, Португалија, а последен е посочен Кас, градче во јужна Турција, познато како мека за љубителите на подводни спортови.
Јаху репортажа: Охрид – тајниот европски бисер за кој не сте чуле
Има нешто волшебно во моментот кога ќе пристигнете во гратче за кое дотогаш не сте чуле и веднаш ќе останете маѓепсани од неговата убавина и гостопримство.Вака ја започнува својата репортажа известувачот на Јаху травел, кој пренесува искуства од своите патувања ширум светот.
-Сум бил на многу места, но за Охрид во Македонија не знаев апсолутно ништо. Таму стигнав пред неколку недели и се изненадив од тоа што го најдов. Охрид го нарекуваат балкански Ерусалим, затоа што порано во него имало 365 цркви – по една за секој ден од годината. Таму пристигнав со чамец. Најубав начин за уживање во убавините на Охрид е прошетка низ неговите улици, вели известувачот.
Во својата репортажа, тој ги претставува убавините на нашиот балкански бисер, туристичкиот центар Охрид.
Мерките во туризмот даваат позитивни резулати
Освен промоција на Македонија наовој начин, многу останати мерки придонесоа за зголемување на бројот на туристите. Субвенциите за тур оператори, евтините авиолетови до Македонија, изградба на плажи, пешачки и планинарски патеки околу езерата, промоција на земјава како атрактивна туристичка дестинација на светските медиуми, мерка за изградба на хотели на државно земјиште по почетна цена од 1 евро за метар квадратен, се дел од мерките кои допринесоа за постојан раст на туризмот во последните шест години и зголемување на бројот на странските туристи.
“Во изминатиот период Владата беше фокусирана на развој на туризмот во македонија, доказ дека активностите се во вистинска насока се и резултатите кои ги бележиме. Според Светската туристичка организација Македонија е помеѓу државите со најголем раст во туризмот , очекуваме оваа година да имаме двоцифрен раст и покрај предизвиците што ги имавме. За сето тода да се случи, заслужни се редица мерки, како субвенциите, евтините линии, силна пдомоција, подобрување на имиџот и други мерки кои што беа превземени“ изјавуваат Агенција за промоција на туризмот.
Со зголемувањето на странските туристи во земјава, освен зголемувањето на девизниот прилив по оваа основа, се раздвижуваат и останатите стопански гранки, а се реализираат и значајни вработувања.
“Општиот прилив на средства според НБРМ изнесуваат над 14 милиони евра и тие се во постојан пораст , ние очекуваме дека тој тренд ќе продолжи и понатаму, туризмот е извозна гранка, а се обезбедуба нов прилив на средства и влијае на раздвижување на останатите сементи во економијата“ изјави Џамбазовски.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2015 година изнесува 82 084. Бројот на туристите во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, е зголемен за 7.4%. Во периодот јануари-мај 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3%
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа