Татко му го пријавил за исчезнат пред 8 дена: Нови детали за трагедијата во битолскиот мотел

Таткото на 33 годишниот К.И. од Битола пред осум дена во локалната полиција пријавил дека неговиот син е исчезнат. Времето коинцидира со 24 октомври, денот кога сега починатиот К.И. се пријавил во хотелот Пржо во Битола.
Полицијата се уште не открива детали за случајот.
Нема информации како 27 годишната Ѓ.И се нашла во истата соба во хотелот и во какви односи биле двајцата починати. Не се знае ниту дали и таа била пријавена за исчезната.
Нивните тела вработените во мотелот Пржо вчера ги пронашле во една од собите откако подолг период не излегувале од таму. Вратата била затворена од внатре па вработените ја скршиле. Двете тела биле пронајдени на креветот покрај купатилото едно до друго без облека и во фаза на распаѓање. Во собата биле пронајдени и документи за лична идентификација.
Телата се предадени на обдукција која треба да даде повеќе информации за случајот.

 
 
03.11.2015 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега