Иванов ја продолжува посетата на Италија: Средба со италијанскиот претседател

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Италија, денеска во Рим ќе има средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела, јави известувачот на МИА.

Во текот на вчерашниот ден, Иванов присуствуваше на церемонијата на поставување плоча во чест на Свети Кирил и Методиј во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, каде заедно со кардиналот Сантос Абрил и Кастиљо имаа пригодни обраќања.

Во рамки на официјалната посета на Државата Ватикан, претседателот Иванов имаше аудиенција кај папата Франциск, како и средба со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин.

 
 
03.11.2015 - 08:13
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега