Самоубиство: Млад охриѓанец се фрли од петти кат

36 годишен охриѓанец вчера рано изутрина си го одзеде животот.Самоубиството го извршил со скокање од петтиот кат од зграда во која живеел, јавува охридската телевизија Спектра

Трагичниот настан се случил околу пет часот вчера изутрина. 36 годишникот скокнал од балконот на станот во зграда кај кружниот тек на булеварот „Туристичка“ во близина на спортскиот центар.

Според психолозите, душевната болка, лошата социо-економска ситуација, или семејните проблеми – се најчестите причини за да се посегне по сопствениот живот. Секое самоубиствоили убиство има своја трагична приказна. Овие луѓе се во длабок очај, не гледаат друго решение.Истото се случува и со луѓето кои прво го одземаат животот на саканата, а потоа и својот,сметаат тие.

Превенцијата е во рацете на здравствените работници или семејството.Никогаш не ја губете вербата во себе, секогаш постои решение да се надминат проблемите. Бидете оптимисти во животот за се има лек- велат психолизите.

 
 
02.11.2015 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега