Ахмети откри: Ова е најновиот предлог за името на Македонија

Горна Македонија е новиот предлог за името на кој медијаторот Нимиц го достави до Македонија и Грција пред неколку месеци. Ова го тврди лидерот на ДУИ и коалиционене партнер во владата, Али Ахмети, јави Утрински весник. Според него спорот треба да се решава на виско ниво под притисок на меѓународната заедница.

Досега имаше средби на ниво на претставници меѓу Македонија и Грција без конкретни предлози. Сега постои еден предлог ,Горна Македонија‘. Тоа значи дека има еден основен документ околу кој двете страни може да седнат и да разговараат. Сега е моментот кога треба да се седне на масата за преговори. Кога ќе се седне на маса ќе започне дијалогот, но тој не треба да остане на ниво на пратеници, туку да се подигне на повисоко ниво - истакнал Ахмети.

најчитано сега