Канческа-Милевска ќе се сретне со својот италијански колега во Рим

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Рим, во рамки на службената посета на Република Италија, ќе има билатерална средба со италијанскиот министер за култура Дарио Франческини.

Се очекува на средбата двајцата министри за култура да разговараат за досегашната соработка во областа на културата, како и за идните активности со кои би се продлабочиле културните врски меѓу двете земји.

Македонија и Италија имаат традиционално добри односи во областа на културата, со размена на многубројни проекти и гостувања на македонски и италијански уметници на манифестациите во двете земји.

 
 
02.11.2015 - 09:40
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега