ФОТО: Камионот висеше од мост - местото каде загина гостиварчанецот

Во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево кај „Здуњски мост“ загинало едно лице, а повреден е возач на камион. Полицијата информира дека несреќата се случила во 13 часот, а учествувале „БМВ“ со гостиварски регистарски таблици и камион влекач со приколка со тетовска регистрација. За жал, на местото на несреќата починал 56-годишниот А.Н. од Неготино-Полошко, кој го управувал автомобилот. Возачот на камионот, 39-годишниот В.Б. се здобил со телесни повреди и е згрижен во гостиварската општа болница.

Како што пренесува МИА, при сударот, камионот речиси целосно извртел и излетал од патот и и надвиснал над мостот. Од сударот, автомобилот е целосно уништен.

 
 
02.11.2015 - 09:03
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега