Сто и осумнаесет точки на 71. собраниска седница

 

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 71. седница на чиј дневен ред се 118 точки.

Пратениците, меѓудругото, треба да расправаат за предлозите за изменување и дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик, на Законот за заштита на културното наследство, на Законот за експропријација и на Законот за јавните набавки.

На дневен ред се и предлог измените на законите за технолошки индустриски развојни зони, за животната средина, за просторно и урбанистичко планирање, за здравственото осигурување, за биомедицинско потпомогнато оплодување и за служба во Армијата на Република Македонија. 

 
 
02.11.2015 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега