Пукање во Тетово: Две лица на Ургентен

Оружена престрелка и тепачка во која учествувале пет лица се случила синоќа, десет минути по полноќ, во тетовската населба Дреновец. Како што соопштува полицијата, освен огнено било користено и ладно оружје, а Е.О.(22), С.О.(22) и Р.О.(53) од село Доброште здобиле тешки телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница Тетово, додека Л.И.(24) и К.В.(21) од Тетово, исто така со повреди, биле пренесени во Ургентниот Центар во Скопје. 

Е.О. во престрелката здобил прострелна рана во пределот на десната надколеница, С.О. во пределот на левата надколеница, а Р.О. убодна рана во пределот на средишниот дел од кичмата. Л.И. има убодна рана во пределот на вратот, додека К.В. поминал со гребнатина на долните екстремитети.

Се работи на случајот. 

 

 
 
01.11.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега