Арсовска Томовска: Во последните неколку години направенa е вистинскa реформa на јавната администрација

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, денеска имаше обраќање на панел сесијата ,,Реформа на јавната администрација – Заложби за квалитетно, транспарентно и ефективно демократско владеење во 21 век", што се одржа во рамки на конференцијата „Агенда за проширување – Достигнувања и предизвици во реформата на јавната администрација“.

-Во последните неколку години направенa е вистинскa реформa и реализирани се голем број проекти, рече Арсовска Томовска, потенцирајќи дека економскиот раст и развој на една земја зависат од квалитетот на јавната администрација.

Таа говореше за Стратегијата за реформа на јавната администрација во Република Македонија, 2010-2015 и нејзините 6 приоритетни области: Јавна служба и управување со човечките ресурси, управни постапки и услуги, е-Влада и е-управување, стратешко планирање, координација, креирање политики и изготвување на квалитетни прописи, спречување на корупција и управување со јавните финансии.

Карен Хил, директорката на СИГМА (ОЕЦД/Европска Комисија) потенцираше дека за да се постигне професионална државна служба неопходно е воспоставувањето на тн. Мерит систем, вклучувајќи ги и највисоките раководни структури, исклучиво според нивните заслуги и способности.

Освен министрите и замениците кои се политички именувани лица, останатите вработени и раководни лица во државните служби треба да бидат вработени, унапредени, оценувани или отпуштени од работа во согласност со законски дефинираните процедури и критериуми. Ова е многу важно и Сигма ќе го следи почитувањето на овој принцип.

-Реформата за унапредување на работата на администрацијата е долг и континуиран процес и ова е само почеток. Стратешката рамка за реформи во јавната администрација, чиј период истекува, се покажа како солидна основа за воведување на крупни промени во системот на јавна служба, рече Арсовска Томовска наведувајќи ги меѓу другото Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор, новиот Закон за општа управна постапка, Каталогот на работни места и Регистарот на вработени во јавниот сектор, надградувањето на системот на Интероперабилност, воведувањето на е-услуги итн.

Заменик министерот Арсовска Томовска ја истакна потребата од нова стратешка рамка за периодот 2016-2020, се заблагодари на СИГМА за помошта во однос на координацијата на реформите и воедно ја повика домашната јавност активно да се вклучи во процесите на креирање политики.

 
 
29.10.2015 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега