Државниот завод за статистика спроведува електронско прибирање на податоци преку системот Е-стат

Државниот завод за статистика соопшти дека во насока на осовременување на производството на официјални статистички податоци спроведува електронско прибирање на податоци преку системот Е-стат.

Овој систем е наменет, пред сѐ, за компаниите и институциите и значително го олеснува процесот на доставување на статистички податоци, го намалува потребното време за пополнување на прашалниците и се редуцираат трошоците за компаниите – извештајни единици.

- Придобивките од воспоставувањето на овој систем се големи како за компаниите, така и за Заводот. Со системот за електронско прибирање на податоци се обезбедува зголеменa ефикасност на статистичките процеси, навремено производство на висококвалитетни статистички податоци со намалени  трошоци, а истовремено се влијае на намалувањето на оптовареноста на давателите на податоци, се вели во соопштението од Државниот завод за статистика.

 
 
28.10.2015 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега