Државниот студентски дом- Скопје најостро реагира и го демантира порталот Плусинфо

Државниот студентски дом – Скопје најостро реагира и го демантира натписот „Гратис бубашваби“ во студентскиот дом „Гоце Делчев“, објавен на порталот Плусинфо, кој, на денот кога целата јавност се запозна со условите во реконструираниот блок Б во рамките на овој студентски дом, како прва реализирана фаза од планот за негова целосна реконструкција, единствено може да се сфати како обид за девалвација на една од најголемите капитални инвестиции во насока на подигнување на студентскиот стандард, со средства обезбедени од страна на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука, се вели во реакцијата од Државниот студентски дом – Скопје.

-Во интерес на вистината би сакале да информираме дека Државниот студентски дом – Скопје, согласно правните прописи редовно врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просториите во рамки на сите студентски домови над кои ја има надлежноста. Имајќи предвид дека како и сите останати капацитети кои се дел од воспитно – образовниот процес на учениците и студентите, подлежиме на редовни инспекциски надзори, со полна одговорност информираме дека во изминатиот период не е констатирана никаква неуредност, ниту било какви други пропусти, за што постои и писмена документација, додаваат од Државниот студентски дом - Скопје.

Апелираат, во иднина, пред да биде објавен било каков текст со содржини слични на денешната, новинарски професионално и етички да се побара став и од страната која се критикува и на лице место да се провери и утврди фактичката состојба.

 
 
27.10.2015 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега