Полицискиот синдикат контра обидите за политизација и реваншизам во МВР

Вработените во МВР нема да дозволат било какви обиди за политички реваншизам во министерството.

Полицискиот синдикат застана цврсто против информациите дека опозицијата подготвува кадровски промени на повеќе позиции во полицијата.

Велат, нема да дозволат политизација на министерството и пречекорување на ингеренциите од страна на техничкиот министер.

Според Климовски, синдикатот нема да дозволи политичките процеси да се одразат врз стабилноста на работните позиции и платите на вработените во МВР.

Првиот човек на синдикатот искрено се надева дека политичката бариера наскоро ќе биде надмината и дека опозицијата ќе ги тргне настрана политичките апетити и партиски интереси.

Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ преговараат за нов министер за внатрешни работи кој треба да биде независен а да се постави на предлог на опозицијата во консултација со владеачката партија.

Тој треба да има технички ингеренции, а не како што бара опозициската СДСМ да може да врши и кадровски промени. 

 
 
27.10.2015 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега