Трагедија: 14 годишно девојче од гевгелиско исполио голема доза лекови и починало

Три часа откако ги испило лековите, 14 годишно девојче од гевгелиското село Миравци вчера околу 3:30 починало во болницата во Гевгелија. Според информациите, девојчето испило поголема количина лекови и во лекарската ординација било донесено во тешка коматозна состојба. И покрај напорите, лекарите не можеле да сторат ништо и тоа починало.
Семејството пак за трагедијата го обвинува персоналот во болницата. Според нив, тие биле неажурни и не ја испратиле пациентката за Скопје.

 
 
26.10.2015 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега