Казни и откази за вработени во МВР: Доаѓале пијани, доцнеле, им помогнале на криминалци да побегнат

Во текот на месец октомври, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 30 решенија против 30вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето. На 22 вработени изречена им е мерка  – „парична казна” и на осум вработени мерка – „писмено предупредување“.

Дел од полицајците оштетиле возило, доцнеле на работа и имале слаба активност, одбиле да соработуваат, не изготвиле службен материјал по пријавен настан, овозможиле бегство на лице по сторен прекршок, за време на работното време не биле на работното место, дошле пијани, не носеле униформа, несовесно го употребиле оружјето...поради што ќе бидат казнети.

 

 

 
 
25.10.2015 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега