КУРИР: Заев игра во албанско-грчки дрес додека Македонија ја губи препораката
Со нелогични и апсурдни барања надвор од договорот во Пржино, лидерот на СДСМ Зоран Заев се обидува да ги минира преговорите и да и нанесе штета на Македонија. Немакедонското однесување на Заев за време на преговорите единствено што може да придонесе е Република Македонија да ја загуби препораката за почеток на преговори со Европската Унија која земјава ја добива веќе шеста година по ред. Таквиот резултат и оди во прилот на Грција, пишува КУРИР.МК
По додворувањето на Албанците, очигледно Заев со нова, негативна за Македонија, стратегија. Овој пат во грчки дрес и за интереси спротивни на македонските.
Сè појасно станува дека СДСМ и Заев бегаат од избори бидејќи се свесни дека истите ќе ги загубат, што јасно се гледа од анкетите. Резултатите од спроведена анкета на Брима Галуп агенцијата прогнозираат нова победа на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски на следните парламентрани избори. Владејачката партија има двојно поголема поддршка од опозицискиот СДСМ. За партијата на Груевски би гласале 23,5% од граѓаните, додека за опозицискиот СДСМ само 12,4%. Дополнително премиерот Никола Груевски е личноста во која македонската јавност има убедливо најголема доверба. За македонскиот премиер доверба дале 21,4% од граѓаните. Груевски ужива три пати поголема доверба од лидерот на опозицијата Заев на кого доверба му дале 7,9% од граѓаните.
Овие резултати се уште една потврда дека СДСМ се свесни за поразот и сакаат да ги растурат преговорите преку поставување на преголеми барања кои би довеле од одложување на изборите, нешто што на опозицијата по ваквите анкентни резултати и одговара.
Дополнително, додворувањето на Заев и СДСМ кон албанските партии на штета на македонските интереси повторно продолжува. Овој пат СДСМ, меѓу останатите нелогични барања, во преговорите барале министерот за внатрешни работи да добие нови надлежности и овластувања, односно истиот да може самоволно и спротивно на законските прописи да одлучува. Поточно, СДСМ бара без почитување на законската постапка министерот да ги назначува новите шефови на македонските специјални сили. Партиски извори брифираат дека за да добијат поддршка за ова барања, СДСМ под маса испратиле непринципиелен договор според кој е предвидено ДУИ и ДПА да ги поддржат барања на партијата на Заев, а за возврат Албанец по род да биде назначен за шеф на специјалните полициски сили „Тигар“.
Ваквите нелогични барања на СДСМ потврдуваат дека тие очајно посакуваат преговорите да пропаднат и Македонија да ја загуби препораката за почеток на преговорите, што секако и оди во корист на Грција.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа