БРИМА ГАЛУП: Убедлива поддршка и победа за ВМРО-ДПМНЕ и Груевски на следните парламентарни избори
Реномираната агенција Брима Галуп прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори. Според податоците добиени од истражувањето на јавното мислење владејачката партија има двојно поголема поддршка од опозицискиот СДСМ. За партијата на премиерот Груевски би гласале 23,5% од граѓаните, додека за опозицискиот СДСМ само 12,4%. Третото место го зазема ДУИ со 7,6%, четврта е ДПА со 3,5%.

За која партија би гласале доколку следната недела би се одржале парламентарни избори?
ВМРО-ДПМНЕ 23,5%
СДСМ 12,4%
ДУИ 7,6%
ДПА 3,5%
Премиерот Никола Груевски е личноста во која македонската јавност има убедливо најголема доверба. Во испитувањето на јавното мислење на Брима Галуп, за македонскиот премиер доверба дале 21,4% од граѓаните. Груевски ужива 3 пати поголема доверба од лидерот на опозицијата Заев на кого доверба му дале 7,9% од граѓаните. Следуваат Али Ахмети и мендух Тачи со по 6,1%, и 2,5% доверба од граѓаните.
Во кој политичар имате најголема доверба?
Никола Груевски 21,4%
Зоран Заев 7,9%
Али Ахмети 6,1%
Мендух Тачи 2,5%
Граѓаните на Република Македонија, во огромно мнозинство сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би извојувала убедлива победа на предвремените парламентарни избори. Огромни 43,2% од граѓаните сметаат дека партијата чиј лидер е Груевски би однела победа на изборите. Повеќе од двојно помалку од граѓаните пак сметаат дека СДСМ би бил победник.
Доколку би се организирале предвремени парламентарни избори кој би победил на нив?
ВМРО-ДПМНЕ 43,2%
СДСМ 19,9%
Јавноста смета дека ВМРО-ДПМНЕ има два пати поголема поддршка од граѓаните во однос на СДСМ.
Која партија според вас генерално има поголема поддршка од граѓаните?
ВМРО-ДПМНЕ 53,9%
СДСМ 25,5%
Анкетата е теренска, направена од страна на реномираната агенција Брима Галуп, во периодот од 29 јуни до 5 јули 2015 година, на примерок од 1008 испитаници.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа