Науновски: Срамен чин на Заев - демаскиран е и ќе биде казнет на изборите во април

 

Нелогичната политика на СДСМ ги дестабилизира и меѓународните позиции на РМ, во смисла на пријателска соработка со влијателни држави како Израел, што ги мултиплицира негативните аспекти на антидржавната политика на СДСМ, во овој контекст.

naunovski

 

Ова е ставот на професорот на МИТ Универзитетот Тони Науновски, по дипломатскиот скандал предизвикан од опозицискиот лидер Зоран Заев при неговата посета на Израел, откако лидерот на СДСМ вечерва доби нов врел шамар од Израел со остриотдемант од амбасадата во Скопје со кој се потврдуваат лагите на Заев изнесени по средбата со министерот за надворешни работи на Израел, Силван Шалом.

Науновски смета оти е очигледно дека посетата на актуелниот претседател на СДСМ на Израел, проследена со однапред испланирана медиумска пропаганда, е уште една нерационална постапка на веќе очајното лидерство.

-Целиот проект со нелегално прислушување на приватни разговори и ефтини шпионски игри да се превземе власта, без програма и сериозни политички решенија, за жал успеа да ја дестабилизира Македонија - антиуставниот договор од Пржино е кулминација на тој грозоморен факт. Меѓутоа, нелогичната политика на СДСМ ги дестабилизира и меѓународните позиции на РМ, во смисла на пријателска соработка со влијателни држави како Израел, што ги мултиплицира негативните аспекти на антидржавната политика на СДСМ, во овој контекст. Се разбира, ниту една држава не смее да се меша во стриктно внатрешната политика на друга држава, според меѓународните дипломатски стандарди, и денешното соопштение на нивната амбасада ја демаскира намерата на Заев за уште една медиумска манипулација среде сите евидентни докази дека колективната траума која ја нанесоа врз Македонскиот народ и држава ќе биде жестоко казнета на следните избори од страна на единствениот носител на политичкиот легитимитет во РМ - Македонскиот народ, вели Науновски.

За жал, додава Науновски, штетите се историски по сликата која РМ ја има во светот, иако и Израел и многу други добронамерни и објективни држави веќе ја препознаа сета валкана политичка игра со шпионски бекграунд, измислена единствено во функција за превземање на власта.

 

 

Оцени ја веста

15.10.2015 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега