Заев се посрамоти - силен демант од Израел
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Израел, Силван Шалом остро го демантираше опозицискиот лидер Зоран Заев за тврдењата на претседателот на СДСМ дека на средбата се разговарало за донацијата од Израел во пари за Македонија, што беше дел од неговите бомби, пишува Денешен.
Откако Шалом најпрво јасно во вторникот истакна дека тема на разговорите со Заев воопшто не биле внатрешните прашања на земјата, што ги опфаќа и бомбите на Заев, посочувајќи јасно и недвосмилено “ нема да се мешам во внатрешните прашања на вашата земја“, попладнево пристигна уште еден шамар за Заев.
Имено, телевизија Телма пред малку објави соопштение пристигнато од кабинетот на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Израел во кое се појаснува средбата која ја имал Шалом со македонскиот опозициски лидер. Во соопштението стои дека се работело за куса куртоазна средба со лидерот на опозицијата Заев што е нормално за две пријателски земји.
-На средбата се разговарше за општи прашања, особено околу потребите за подобрување на односите меѓу Израел и Македонија. Министерот нагласува дека на средбата не се разговараше за било какви безбедносни или финансиски прашања, стои во соопштението кое го пренесе израелскиот амбасадор во Македонија Дан Орјан, објави Телма.
Ова јасно и недвосмислено покажува дека Заев манипулира до тој степен што безочно ја лаже јавноста, а неговата лага е целосно разобличена. Со ова посетата на Заев се претвора во трагикомедија, чија цел има исклучиво домашна употребна вредност на прозирен политички маркетинг. Исто така претставува значаен политички и дипломатски скандал лажењето и пласирањето на различни информации од една иста средба, што исто така преставува навреда и неискрен однос кон државата домаќин.
Воедно, со ова се потврдуваат информациите кои порталот „Денешен“ ги објави пред два дена, кога пишуваше дека не само што не станало збор за некакви бомби на средбата со израелскиот министер за внатрешни работи, туку Заев при првиот обид да отвори било каква политичка тема бил веднаш прекинат и прекорен од министерот Шалом со директна и јасна порака “нема да се мешам во внатрешните прашања на вашата земја”, по што Заев веднаш прекинал со зборување.
Дополнително, „Денешен“ пишуваше дека Заев бил повикан на еден вид на сослушување кај вториот човек на израелската тајна служба МОСАД каде бил прекорен за неумесноста на издавање на доверливи информации од значење за израелските безбедносни служби, како и за откривањето на идентитетот на израелскиот оперативец кој бил задолжен за спроведување на израелската донација на воена опрема за македонските безбедносни сили, со што била загрозена неговата безбедност.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа