ДУИ очекува да се реши ситуацијата со помошниците на Јанева и да продолжи политичкиот дијалог

 

Демократската унија за интеграција во денешното соопштение до медиумите изразува надеж дека Советот на јавни обвинители во соработка со Специјалната обвинителка ќе ја надминат настанатата ситуација со заемно разбирање и дека ќе дејствуваат во согласност со законот за Специјален обвинител кој што беше усвоен од четирите најголеми политички партии и изгласан во Собранието со 111 гласови за. 

- Истовремено, политичкиот дијалог во рамките на работните групи меѓу четирите политички партии треба да продолжи што е можно поскоро во правец на решавање на останатите отворени прашања, стои во соопштението од ДУИ.

 

 

Оцени ја веста

15.10.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега