Во МНР ќе се дебатира за односите Хрватска-Македонија

 

 Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија, денеска организира дебата на тема „По влегувањето на Хрватска во ЕУ- перспектива на односите Хрватска-Македонија“, што ќе се одржи во амфитеатарот на МНР.

На почетокот на дебатата обраќање ќе имаат министерот за надворешни работи Никола Попоски, амбасадорот и шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Аиво Орав и хрватскиот амбасадор Златко Крамариќ.

Во вториот дел од настанот, посебно обраќање ќе има Хрвоје Марушиќ, помошник министер и раководител на Управата за европски прашања во хрватското Министерство за надворешни и европски прашања, кој ќе даде осврт на процесот за зачленување на Република Хрватска во семејството на Европската Унија, како и на социјалните и економските бенефити од членство во ЕУ.

На дебатата ќе учествуваат поранешниот амбасадор на Република Македонија во Република Словенија, проф. д-р Димитар Мирчев, кој ќе се осврне на примерот на Хрватска и Словенија, како модел за надминување на билатералните прашања пред зачленување во ЕУ, како и поранешниот амбасадор на Република Македонија во Република Хрватска, Данчо Марковски, кој ќе зборува за економските и дипломатските аспекти на односите меѓу Македонија и Хрватска по нејзиното зачленување во ЕУ. 

најчитано сега