Курир: Предлозите на СДСМ - чекор пред федерализација и косовизација на Македонија

 

СДСМ со своите барања и позиции во разговорите за изборниот законик навлегува во опасен терен кој познавачите го опишуваат како чекор пред федерализација, анлизира Курир

 zzaev-dijaspora

Порталот повикувајќи се на извори од преговорите јавува дека СДСМ цврсто стоела на ставот за поништување на гласањето на дијаспората или воведување на модел со кој дијаспората практично ќе остане извисена.  На разговорите впечатлив бил и нивниот недостоинствен однос кон дијаспората па дури имало и тонови на навреда и омаловажување. СДСМ на нив гледала како на нешто што нема врска со државата а на иселениците ги нарекувале “дојденци’, иако тие имаат македонско државјанство, а со тоа и еднакви права и обврски со сите други граѓани. Според СДСМ нивниот глас и одлука немал  подеднакво значење како и останатите Македонци кои живеат во државата, пишува Курир

Професорот Љубиша Горгиевски во интервју за Република за идејата за елиминирање на дијаспората гледа како фашизоиден чекор.

 -Зошто да ги делат Македонците на вакви, такви, онакви? Тоа е геноцидна идеја, опасна идеја. Така вели „Златна зора“ во Грција. Дека нема Македонци, а ако има треба да ги нема. Ако ние се боревме нашите од Австралија, кога ќе се вратат во Македонија, да ја добиваат пензијата од таму, зашто да немаат право на глас. Па, тоа е директно опструкција. Тоа е злоупотреба на демократија­ та.  Тоа е прв облик на фашизмот што се јавува во Македонија, да се рече дека дијаспората нема право на гласање, пишува Горгиевски.

Причината за бојкотот на дијаспората може да се бара во теснопартискиот интерес на СДСМ, кој го става пред државниот. Единствената вина е зошто таа не ја поддржува СДСМ и е патриотски настроена.

Од друга страна СДСМ на преговарачката маса елиминацијата на дијаспората ја трампа со поддршка на предлогот на ДУИ за воведување на бадинтер во ДИК. Што е исклучително лош потег и преставува чекор пред федерализација. Тоа би значело и промена на уставниот поредок. По етничка линија ќе можат да се суспендираат избори и воопшто да се блокираат изборните резултати. И тоа би било лош преседан на воведување на бадинтер секаде и за секое одлучување. Со тоа се нарушува правото и се воведува политизација и етнизација над правото.

Новинарот Драган Павловиќ Латас на оваа тема, во својата колумна пишува, -еве ги сега, во нова акција: федерализација на Македонија. А потоа, федерализираната Македонија ќе биде она што Грција ќе го побара. И ќе го добие.

-Се почна, барем видливиот дел од акцијата, со уцена на локален криминоген олигарх од Струмица. Видовме снимка како уценува газди на големи фирми, по истиот модел. И, сосема логично, уцената е одбиена, пишува Латас.

Тој исто така пишува дека планот на СДСМ значи косовизација и федерализација.

-Накусо, да добиеме федерална држава во која Албанците имаат право на вето на одлуките кои ќе важат за сите. Ние, Македонците, никаде немаме право на вето.-Тоа газење и валкање не е ништо во однос на косовизацијата која ќе следи ако им успее превратот со Заев. Затоа, подобро да се издржи овој напад сега кој, сепак, е привремен - од она што следи со федерализирана, косовизирана и колонизирана Македонија, без народ и уставно име. Тоа е засекогаш, пишува Павловиќ.

Заев пред да поддржи бадинтер во ДИК и да ја елиминира дијаспората, во интервју за косовска телевизија изнесе мошне опасна теза за рекомпонирање на рамковниот договор но и двојазичност на целата територија на Македонија.

Повеќе од Охридскиот договор, што и заговара Заев би значело федерализација каде по етничка основа и би се протежирало бинационална држава.

-Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охридскиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, вели Заев.

Во истото интервју на косовската телевизија Заев изнесе и тврдење дека мултикултурализмот треба да се внесе во преговорите за името и дека треба задолжително да се изучува албанскиот јазик уште од градинките.

-Зошто ќерка ми на пример да учи турски? Ќе учи албански. За да го користи, ние сме заедно во ова општество.  Вклучување во секојдневните активности, не само во јавната администрација, рече Заев.

И додека траат разговорите за изборниот законик и се одлучува во голема мера за заедничката иднина и според сознанијата ВМРО-ДПМНЕ се бори жестоко за дијаспората и е против Бадинтер во ДИК, финалната понуда ја кажа Љубомир Фрчковски од СДСМ кој истакна дека премиер треба да биде Албанец. 

 

 

 

Оцени ја веста

13.10.2015 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега