Република: Заев фатен во лага - во Израел како турист или на сослушување во МОСАД?
Стратезите на Заев доживеаа дебакл. Стручњаците за односи со јавност кои Заев дебело ги плаќа треба да ги отпушти. Парите кои струмичкиот олигарх ги дал за да издејствува замачкување на очи со посетата на Израел треба да му ги вратат. Опозицијата е пробиена, дебаклот на Заев во светата земја излезе на виделина, пишува Република во анализата која ја пренесуваме интегрално.
Џабе опозициските медиуми се обидуваат да ја претстават посетата на Заев на Израел во позитивно светло. Пропадна обидот на вештачки начин да се работи на имиџот на Заев, едноставно тој нема способност ниту пак капацитет за дипломатска активност, ниту пак некој го гледа како државник.
Зоран Заев во Израел, најблаго кажано, е турист и ништо повеќе од тоа. Оние поискрените ќе речат дека не е таму нити како турист, туку на креативен начин е викнат на сослушување кај израелските безбедносни служби заради обидот за нарушување на безбедносната соработка помеѓу Македонија и Израел.
Протоколот открива дека Заев не е примен како државнички гостин на Израел
Посетата на струмичкиот градоначалник на кабинетот на г-дин Раувлин немаше никаков ранг на државна посета, ниту пак на работна посета, ниту пак на било каква средба на која се зборувало за политички теми како што зборуваат државниците.
Фактот што од таква средба нема видео снимки, иако е видливо дека Заев платил камерман да го следи на посетата, ниту пак од средбата има официјална фотографија, освен фотографија направена од мобилен телефон од некој од придружбата на Заев, доволно говори за ниското ниво на прием, односно прием какви што израелските државници имаат по 20-30 во текот на еден ден, со разни гости од културата, спортот, бизнисот и други општествени сфери. Впрочем такви средби во Македонија има и нашиот претседател Иванов, а се сеќаваме дека и Борис Трајковски имаше такви чести средби.
Премиерот Груевски на дневна основа има по 20 такви средби, кои владината пр служба не само што не ги ни објавува во медиумите, туку не ги ни покрива со фотографија.
Впрочем каков што е и Заев, немушт по природа, и тој самиот во својата изјава потврдува дека не се работи за никаква државничка средба, туку само за протоколарна(цитат од Заев) посета и на тој начин самиот го дупнува балонот кој неговите дебело платени пр советници го дуваа неколку дена. Народот вика со свој камен по глава!
Исто така дипломатите и стручњаците за протокол знаат дека на државничка средба со изреаласки претседател не се оди со светло сив костум, плава кошула и црна вратоврска! Никако! Си има строг дрес код како се прави тоа на државнички средби, каде што задолжителен е ТЕМЕН костум и БЕЛА кошула. Тоа се правила кои се почитуваат строго.
Стручните лица знаат, знаат и овие од СДСМ, и знаат дека се пробиени.
Сепак најголем автодемант на обидот да се претстави посетата како државничка е кадарот(кој СДСМ сами го снимаат и сами го објавуваат) кога Заев дава изјава а во позадина и тоа како, и тоа крупно, се забележува човек во ВЛЕЧКИ и ШОРЦЕВИ, и може да се забележат случајни минувачи, туристи, луѓе во вообичаена и лежерна облека. Ако Заев, независно што дава изјава во парк во Тел Авив, бил пречекан како премиер како што кажуваат соросовите медиуми, тогаш сигурно ќе имаше средба и со израелскиот претседател на влада, ќе беше пречекан со химна, знаме, ќе имаше официјално соопштение на израелската држава. Искуството говори дека има исклучоци и кога се даваат изјави надвор од зградата каде имало средба, но секогаш по таква средба имало официјална информација од двете страни. Ден по средбата на официјалниот сајт на израелскиот претседател нема ниту една реченица за оваа работа.
Какво лицемерие – Заев во Израел ја фали бизнис климата на Груевски, а дома ја критикува
Уште еден во редот на големи киксови на Заев и неговите пр советници е тоа што во обид да се прикрие вистинската причина за посетата, која според наши извори не е нималку пријатна за струмичанецот, Заев сакајќи да прикрие, дава и изјава каде зборува за комплетно други работи како јакнење на економската соработка, менаџментот на води и кажува дека ќе има средба со бизнисмени со надеж дека ќе покрене идни конкретни чекори на взаемни трговски соработки, но и потенцијални можни инвестиции во Македонија. Ова значи и дека Заев е свесен и преставува своевидно признание за добрата бизнис клима која Македонија им ја нуди на странските инвеститори, и која што е заслуга исклучиво на Никола Груевски. Тоа значи дека и самиот Заев ги преставува инвестициските можности во странство кои во домашната јавност толку многу ги критикува и прави маркетинг од тоа. Дупло голо!
Туризам на Заев или креативен начин на сослушување на МОСАД?
Она што останува исто дилема е вистинската тема на разговор и причината за посета. Зоран Заев на една од прес конференциите на која објавуваше нелегално стекнати материјали објави и телефонски разговори на израелски оперативец кој имал за задача и бил пратен од државата Израел да изменаџира израелска донација за македонската полиција. Зоран Заев освен тоа што ја компромитираше израелската држава, ја загрози и безбедноста на оперативецот од Израел откривајќи го неговиот идентитет и објавувајќи ја неговата патна исправа.
Самото објавување на странскиот посредник – вработен во Министерството за одбрана на една од најчувствителните во овој сектор држави – Израел, во делот донација на безбедносна опрема, кои по дефиниција се тајни, е нарушување и на внатрешната безбедност, работа против интересите на државата, но и загрозување на односите на државата со еден од нејзините најстратешки партнери. Идентитетот на Израелецот не само што не беше заштитен од телефонските разговори дури и самиот Заев свесно отиде еден чекор потаму објавувајќи детали за него.
Израелската државата го има добро проценето профилот на Заев, а оттука не би било чудно да целта на посетата е разговор околу некои негови активности меѓу кој токму и овие кои се поврзуваат со неговите минати прес конференции.
Израел е познат како земја со извонредна безбедносна служба. Како таква, уште попозната е по креативните начини на безбедносно добивање на информации, што може да го забележи и секој обичен посетител на еврејската држава уште на аеродром каде што посетителот се среќава со еден крајно невообичаен разговор и постапки на израелските тајни служби, каде што наизглед наивно но многу стручно, службеникот ги обезбедува сите потребни информации од лицето со кое зборува, а за тоа лицето кое ги дава информациите во најголем број на случаи не е ни свесно.
Заев е повикан на разговор во министерството за внатрешни работи на Израел и во тајната служба МОСАД, што на никој начин не се поклопува со концептот на посета кој СДСМ сака да го претстави во јавноста.
Селективно новинарство во режија на Заев
Иако во Македонија постојано ламентира за еднаквост на медиумите, на посетата Заев носи само два медиуми, Телма и 24 Вести, кои со сета почит кон нив ниту се конкурентни по гледноста ниту пак по тежината која ја имаат. На овој начин, со ваква селективност, Заев и СДСМ самите на дело и со факти го демантираат она што го зборуваат, го прикажуваат своето лицемерие и својата нескреност.
И Бранко Геровски, кој е жесток поддржувач на опозицијата и жесток критичар на власта денес изрази незадоволство од ваквиот селективен однос на СДСМ. Тоа е најдобра потврда дека опозицијата тотално го има изгубено компасот. Граѓаните тоа го гледаат, казната за СДСМ стигнува на 24 април 2016 година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа