Среде преговори на партиите, Фрчкоски од СДСМ бара Албанец за премиер
Љубомир Фрчкоски, поранешен кандидат за претседател на Република Македонија од СДСМ и еден од неформалните советници на Зоран Заев, пред неколку дена во едно интервју во јавноста уште еднаш ја актуелизираше неговата идеја за ротирачки премиер при што по правило на неколку години треба да се избира Албанец премиер.
Во екот на најчувствителните преговори помеѓу партиите, експертите блиски до СДСМ на маса го вадат контроверзниот предлог, Албанец да биде премиер. Оваа идеја Фрчкоски смета дека треба да се актуелизира токму сега во овој чувствителен момент за Македонија кога партиите преговараат за изборниот модел и други актуелни политички прашања.
- Kонцептот да се составува влада од една поголема коалиција и да има ротирачки премиер. Што значи ротирачки премиер? Тоа значи Албанец би дошол на премиерското место циклусно за две години, истакна Фрчкоски.
Според познавачите, актуелизирањето на оваа тема од страна на Фрчкоски не е случајна, туку е во насока на создавање на тензии и отворање на теми од корпусот етнички прашања кои имаат за цел да ги блокираат преговорите и со тоа да се спречи одржувањето на предвремените избори во април.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа