СДСМ ја продава дијаспората за бадинтер во ДИК

 

СДСМ ја продава дијаспората за бадинтер во ДИК. Ги поддржаа барањата на ДУИ, одлучувањата во ДИК да се спроведуваат според принципот на Бадинтер, а се откажаа и од активната регистрација на гласачите во замена за поддршка околу прашањето за гласање на дијаспората.

Опциите кои ги нуди опозицијата покажуваат дека сакаат да ја изиграат дијаспората и да ја остават без своите претставници. Формално СДСМ се залага за пратениците од дијаспората да се избираат според просечниот број на гласови и на начин на кој се избираат пратениците во земјава, што практично значи дека тие остануваат без свои претставници. 

Ако просечниот број на гласови со кои се избира пратеник во Македонија е 7200, СДСМ бара пратеникот од дијаспората да се избира со повеќе гласови од било кој пратеник во 5-та и 6-та изборна единица. За споредба во Хрватска пратеник се избира со 17 илјади гласови, а просекот за избор на пратеник од дијаспората е помалку од пола односно 7 илјади гласови. Додека во Франција со 46 194 гласа се избира пратеник во земјата, а од дијаспората се избираат со помалку од половина гласови. 

Ваквото однесување на опозицијата предизвикало жестоки реакции кај членството и пониските органи на партијата. Политичкиот двоец Заев – Шекеринска со своето неколкумесечно однесување драстично ја губат довербата на членството, што укажува на се поизвесен пораз на престојните избори, откриваат извори од партијата.

 

 

Оцени ја веста

12.10.2015 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега