ВМРО-ДПМНЕ: Дезинформирањето на јавноста е израз на немоќта и слабоста на СДСМ
Веста за некаква наводна злоупотреба на списоци за социјални случаи е ништо друго освен уште еден показател за ниската и приземна кампања која СДСМ ја води употребувајќи целосно измислени, неточни и полни со манипулација информации. Тоа што постојано го прават одредени медиуми кои важат за блиски до СДСМ, денес го продолжува самата партија. Се работи за целосно измислен случај кој говори дека СДСМ е спремна да ги злоупотребува и социјалните случаи за кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано се грижи и превзема мерки, а СДСМ ги употребува во својата валкана кампања, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ваквата манипулација е само уште еден дел од серијата на невистини кои опозицијата го шири, а со кои сака неосновано и непринципиелно да се деградираат личности, да се загрозува приватноста, се удира по честа и моралот на личности, се внесуваат сомнежи преку неосновани напади и се поминува границата на принципите и вредности кон кои треба да се придружува било која политичка понуда. Дезинформирањето на јавноста е израз на немоќ и слабост на СДСМ која и овој пат наместо квалитетна политичка понуда, нуди нечесен пристап, дезинформации, обвинувања и клевети. Тоа граѓаните ќе го казнат на наредните избори, стои во реакцијата на владејачката партија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа