Курир: Нова лага на медиумите на СДСМ - средба меѓу Груевски и Бејли воопшто немало
Соросовите портали лажат за да го покријат срамот на СДСМ. Тие добија задача да го перат СДСМ со манипулации, откако вечерва измислија средба меѓу премиерот Никола Груевски и американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли.
Очигледна е намерата да се дефокусира преку лажни и измислени текстови како што е последниот текст во кој се тврди дека наводно американскиот амбасадор Бејли имал тензичен разговор со премиерот Груевски во рамките на разговорите на преговарачките страни, пишува Курир.
Порталот јавува дека не само што немало денес никаква средба помеѓу Груевски и Бејли, туку немало и никаква заедничка средба на преговарачките тимови, со што се работи за класична измислица.
Ваквиот текст доаѓа откако во јавноста има бура од реакции поради исклучителното штетно однесување на СДСМ и нивното барање дијаспората да не гласа, прифаќањето во ДИК наместо со аргументи да се одлучува согласно етно политичката волја, односно да се воведе бадинтер, како и откажувањето од активна регистрација на гласачите.
Ваквото однесување воедно ја потврдува паниката во СДСМ и стравот да се соочат со граѓаните на избори, зад што се крие реалниот страв од пораз од граѓаните.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа