Расцеп во штипското СДСМ
До редакцијата на Журнал.нет пристигнале непотврдени информации дека дошло до посериозна кавга во штипската општинска 4 и повеќемесечното незадоволство и тензија ексалирало овие денови со вербална расправија помеѓу раководството на штипските социјалдемократи кое завршило со закани за физички пресметки.
Имено првичното незадоволство настанало откако Зоран Заев наметнал во Штип персонално решение за претседател на општинската организација кој бил доживуван како пиун и тројански коњ на Заев и човек кој не е омилен меѓу штипјани. Од друга страна Заев претседателот на СДСМ Штип Владимир Милошев го користел како административен глас во партијата и формален чувар на општинската организација. Тоа предизвикало акутно незадоволство кај постарите членови на СДСМ кои барале поинаква свежина на партијата, а не пиуни кои слепо ќе ги извршуваат задачите од централата и партијата ја носат во изолација, пишува Журнал.
Ниту еден конструктивен предлог ниту идеја не била прифатена од актуелното раководство на СДСМ Штип поради што повеќемина членови сметаат дека тоа придонесува за директно рушење на рејтингот на партијата. Нивните зборови кои допреа до нас се дека Заев како да свесно сака да ја уништи партијата и освен негови бизнис пријатели и ортаци никој друг не може да просперира. Колуминацијата била достигната пред неколку дена кога на партиски состанок видно револтирани членовите на СДСМ Штип побарале оставка од претседателот на огранокот Милошев, кој им рекол дека Заев го поставил и само тој може да го разреши, и нема никаква обврска да им одговора на членовите кои според Милошев биле подбуцнувани од претходниот претседател на СДСМ Здравко Коцев, пишува порталот.
Тоа ја дозагреало атмосферата при што присутните на состанокот испратиле серија обвинувања и до штипското но и до централното раководство на Штип
- не е партијата на Заев, таа е на социјалдемократите.
-од фотелјите во партијата во Скопје поинакво се гледа сликата на целата ситуација, Заев не игнорира и реди безгласни пиуни во партијата, свесно не носи во нов пораз и ние нема да тонеме со него, биле дел од коментарите на состанокот.
На крај надвладеал разумот откако претседателот Милошев ги убедил дека се чека пристигнувањеи посета на Заев на Штип при што им ветил на членството дека ќе се разговара за актуелните внатрепартиски проблеми.
Но, работите станале полоши откако Заевго посетил Штип. При посетата евидентно било искучително слабиот одзив на штипските социјадемократи при што во последен момент било избегнато вистинско фијаско и со автомобили биле носени членови од соседните села до Штип за да присуствуваат на посетите. Милошев сакал проблемите да ги стави под тепих, а Заев воопшто не ни сакал да ги отвори како теми внатре партиските прашања. Незадоволните членови практично биле арогантно одбиени да дискутираат на таа тема, а Заев единствено рекол дека нема време да се занимава со такви работи што било дополнителна навреда за незадоволното членство.
Информациите кои стигнале до Журнал говорат дека не се избегнува екслаирање на ситуацијата и членството да си ја превземе работата во свои раце и да направи насилен упад и одземање на печатите на партијата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа