Неделава никаде без чадор - не очекува дождливо време
До петок во Македонија ќе преовладува нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бидат во пораст и во петок ќе достигнат од 21 степен во утринските часови до максимални 35 степени.
Управата за хидрометеролошки работи за утре најавува променливо време со пороен дожд и грмежи и температура до 33 степени.
Слично време ќе има и во среда, а нестабилни временски услови со локален пороен дожд и грмежи ќе се задржат и во четврток попладне.
Во петок попладне на места се очекува нестабилно време со краткотраен дожд и грмежи.