„Син ми доживотен инвалид а надзорникот само 6 месеци во затвор“ - драма Ибрахимови - Павловски

 

Револтирано семејството на Зухер Ибрахимов кој додека издржувал затворска казна бил брутално претепал од надзорникот. Тие сметаат дека надзорникот добил мала затворска казна, додека според адвокатите на обвинетиот казната е реална, бидејќи Ибрахимов ги заработил тешките повреди при пад во тепачката, а не од удар со боксови, или од пендрек, пренесува Канал 5.

-Синот остана без левиот бубрег и слезенка, а надзорникот од Идризово кој го брутално претепа доби само 6 месеци затвор, реагирал изреволтираниот татко на Ибрахимов. 

Семејството смета дека нивниот син, кој издржувал казна затвор за кражби, не го предизвикал бесот кај надзорникот, кој го претепак и го направил доживотен инвалид. Најавуваат дека ќе бараат отштета пред граѓанскиот суд.

Одбраната на обвинетиот Сашо Павловски, тврди дека тој постапувал според своите овластување. Според адвокатите, осудениот се движел на забрането место, а кога надзорникот интервенирал, Зухер се спротивставил. Затоа, морал да го совлада затвореникот, но, не употребил клоци и тупаници.

Вештачењето покажало дека тешките телесни повреди кај Ибрахимов не настанале од боксови, клоци и палка, туку настанале од пад на земја, тврди одбраната/

Адвокатите објаснуваат дека иако минимумот за нанесување телесни повреди е една година затвор, со употреба на институтот ублажување казна била донесена пониска пресуда.

Семејството на Ибрахимов најавуваат протести за наредните денови.

најчитано сега