СДСМ е против дијаспората да гласа, не ја смета за дел од државата!
Работната група која денеска се очекува да постигне конечен договор околу прочистувањето на избирачкиот список, гласањето на дијаспората, финансирањето и медиумското преставување на партиите и Државната изборна комисија, најверојатно ќе расправа до доцните часови, пишува Нетпрес. Гласањето на дијаспората е точката по која се водат жустри расправи, а според информации на Нетпрес, претставниците на опозициската СДСМ, се против дијаспората да гласа, бидејќи не ја сметала за дел од државата.
Медијатор во преговорите е Питер Ванхауте, кој денеска изјави дека на претставниците во преговорите ќе им достави предлози.
Претставници од ВМРО-ДПМНЕ во преговорите се Силвана Бонева, Никола Тодоров и Билјана Бришковска, од СДСМ Дамјан Манчевски, Цветанка Иванова и Оливер Спасовски. ДУИ ја претставува Артан Груби, а ДПА Имер Алиу, но се очекува на работната средба да и се приклучат и лидерите на четирите партии вклучени во преговорите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа