Ахмети им го честита Рамазан на муслиманските верници

Со посебна чест и задоволство, во име на Демократската Унија за Интеграција како и во мое лично име, им го честитам на сите муслимански верници почетокот на благословениот месец на Рамазан, вели лидерот на ДУИ Али Ахмети во честитката до муслиманските верници.
Муслиманските верници, вели Ахмети во честитката, му се радуваат на месецот на постот како месец кој што промовира мир, толеранција и солидарност, но и што не зближува еден со друг при што промовира помирување и разбирање помеѓу луѓето заедно до вербата кон Господ.

-Господ да ги благослови муслиманските верници каде и да се и се надевам дека големиот месец Рамазан да ги најде Албанците и нивните семејства во здравје, благосостојва и разбирање помеѓу себе, стои во честитката.

ФОТО: Дневник

најчитано сега