Што направил Дамчевски во Крушево за 100 дена?

 

На минатите локални избори ја добивме најголемата поддршка досега што претставува дополнителен мотив и обврска за реализирање на изборната програма.

           За првите 100 дена од  мандатот:

-        

Завршен е проектот на зимско рекреативниот центар-Станич, проект наменет  за продолжување на зимската туристичка сезона. Изградено е вештачко езеро со зафатнина од 12. 000 м3 вода, изграден  е цевковод и електрична инсталација во должина од 1 200м, поставени се 6 топови за вештачки снег како и 34 електрични столбови со рефлектори за осветлување на скијачките патеки и овозможување на ноќно скијање. Проектот е финасиран од МЕПСО и е вреден 1.500.000 евра

-         Во тек е изведување на интензивни градежни работи во викенд зоната Вршник за изградба на инфраструктурни објекти, пробивање на пат, водоводна мрежа, изградба на сепарирана канализациона мрежа, пречистителна станица, поставување на електрична инсталација. Продадени се 18 парцели за изградба на индивидуални станбени објекти. Проектот е вреден повеќе од 54.000.000, 00 денари.

-         Отпочната е изградба на инфраструктурни објекти и во викенд зоната кај Езерото каде се продадени 26 парцели за изградба на индивидуални станбени објекти.

-         Извршена е комплетна реконструкција на покривот на Здравствениот Дом Крушево, извршена  е и замена на дел од прозорите од јужната страна на објектот.

-         Во завршна фаза е донесувањето на Генералниот Урбанистички План за град Крушево.

-         Во тек е изработка на Урбанистички план вон населено место за индрустриската зона Опаленик и расчистување на имотно-правните односи.

-         Се вршат подготвителни работи за асфалтирање на локалниот пат Бучин – Пресил – Св. Митрани.  Се проширува коловозната лента на 3,5м и наредниот месец очекуваме асфалтирање.

-         Извршено е крпење на ударните дупки на улици во градот со бехатон плочки, поставени се 180 м2.

-         Отпочнато е поплочување со бехатон плочки на улици во с. Свето Митрани и изградба на поило за добитокот.

-         Отпочнато е тампонирање на полски патчиња во с.Бучин во должина од 7 км.

-         Изготвен е проект за снабдување со вода за пиење по природен пат од с. Норово до с. Бучин во должина од 9 км и аплицирано е во Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и рурален развој.

-          Каптирани се неколку нови извори на вода за пиење од месноста Езериште и изграден е цевковод во должина од 1 км.

-         Пуштени се во употреба резервоарите за вода во с.Милошево и с. Норово.

-         За подобрување на водоснабдувањето поставуваме водовдна мрежа во с.Саждево во должина од 250м.

-         Преземени се активности за поставување на противпожарен систем во градскиот пазар, негов упис во катастар и издавање на дуќаните.

-         Во тек е активност за заштита и обнова на зградата во горното училиште – најубавиот објект од Крушево и нејзино прилагодување за изведба на театарски претстави и други културно – уметнички манифестации.

-         Во тек се активностите за организирање на традиционалната манифестација „Крушево Етно Град 2013“ , НКС „Десет дена Крушевска Република“  и „Топол Културен Бран 2013“.

-         Се уредува просторт за полетување на параглајдерите во близина на месноста Мечки Камен, каде во тек е одржување на Украинско-Руски Куп во параглајдерство.

-        

Можеби најважното-внесовме нов дух на толеранција, заедништво, одговорност.

           И во иднина со несмалено темпо ќе продолжиме да работиме за реализација на бројните проекти наведени во програмата и реализирање проекти, произлезени од предлози на граѓаните на Општина Крушево.

 (Интегрален текст од прес-конференција на градоначалникот на Крушево Ѓорѓи Дамчевски)

ФОТО: Канал 5

 

 

 

најчитано сега